САД: Загрижувачки е што ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа специјалната обвинителка

by Фокус

Изјавите на една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините лидери кои ја напаѓаат работата на специјалната обвинителка се загрижувачки, порачала американската претставничка на ОБСЕ, Кејт Барнс, во нејзиното обраќање пред постојаниот совет на меѓународната организација.

-Ги повикуваме сите политички партии, кои едногласно ја именуваа г-ѓа Катица Јанева, јавно да ја поддржат специјалната обвинителка во текот на сите фази на нејзината работа, рекла американската претставничка во ОБСЕ.

Барнс додала дека САД се загрижени и затоа што нема напредок за препораките на канцеларијата на ОДИХР  од 2014 година, а тие се: прочистување на избирачкиот список, реформа на медиумите за да се обезбеди еднаков пристап за различни мислења, одвојување на државата од партијата, спречување на заплашувањето и притисоци врз гласачите.

Поврзани новости