Автошколите го прекинаа протестот, снимањето на обуките одложено

by Фокус 20:42
20:42

Автошколите кои цел месец ја блокираа улицата пред Влада, незадоволни од новите законски измени со кои се предвидува секој час од обуката на кандидатите да биде сниман со опрема која тие самите треба да си ја набават, го прекинаа протестот. Причина за тоа е вчерашната средба со претставници од Владата, на која им било кажано дека  Министерството за внатрешни работи веќе доставило предлог за одложување на оваа мерка.

-На состанокот во Владата ни беше речено дека Министерството за внатрешни работи веќе доставило предлог за одложување на примената на спорниот член од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и оти за него треба да се расправа. Нашето барање е членот да се одложи на една година, период во кој ние, со докази, со факти и со аргументи ќе ги убедиме властите дека вака како што е напишано законското решение, не може да се спроведе во пракса, изјави за Вест Јонче Апостоловски, претседател на Националното здружение на автошколи и возачи инструктори.

- Advertisements -

Автошколите сметаат дека со снимањето на секој час од обуката, освен трошоците за опремата кои паѓаат на нивен грб, се нарушува и приватноста на кандидатите.

Поврзани новости