САД: Разгледувањето на „бомбите“ е од најдобар интерес за сите

by Фокус

-Веродостојно разгледување на случаите кои се поврзани со, или пак произлегуваат од следењето на комуникациите, е од најдобар интерес за сите партии и за граѓаните на Македонија. Очекуваме сите судски постапки во Македонија да се спроведат почитувајќи ги во потполност принципите на националното и меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска пракса според Европската конвенција за човекови права, реагираат од Амбасадата на САД во Македонија на одлуката на Судот да ги отфрли снимките прилижени како докази против Груевски, Јанколовска и Мијалков.

Американската амбасада ја повика Владата и сите политички партии  да оневозможат било какви дејствија што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со потполна автономија.

-Сите делови од договорите од 2 јуни и 15 јули мора да се имплементираат, за Македонија да може да ја реши и да ја надмине политичката криза, децидни се од Амбасадата на САД.

Поврзани новости