Водно гори, пожар над Теферич

by Фокус

Пожар го зафати реонот над Теферич на Водно. Според очевидци, противпожарни екипи почнале да пристигнуваат на местото, а пожарот се ширел со голема брзина.

Од Центарот за управување со кризи потврдија дека има пожар на Водно и дека биле испратени неколку возила за да го гаснат. Не дадоа повеќе информации за обемот на огнената стихија.

Поврзани новости