Телма: Судот противуставно се меша во уредувачката политика на телевизијата

by Фокус

-Телевизија Телма е шокирана од последната одлука на апелацискиот суд во Скопје со кој се врши директна интервенција во уредувачката политика на на ТВ Телма и се загрозува правото на сопствена уредувачка политика, што е во директна спортивност на законот за медиуми и македонскиот Устав, реагира телевизија Телма.

Од телевизијата велат дека на овој начин, македонските судови решаваат кој е одговорен уредник на информативна, што ќе биде прва вест, која вест да се објави, а која не, што е невиден тип на цензура, и настан без преседан во светски рамки.

-Ако судот инсистира на спроведување на оваа одлука, тоа ќе претставува пракса, нити еден одговорен уредник да не може да биде сменет од таа позиција доколку како сведок обезбеди еден пензиониран новинар кој ќе посведочи дека сменетиот одговорен уредник бил добар новинар, како што судот постапи во овој случај врз основа на беспредметното сведочење на Ристо Лазаров, се вели во соопштението од Телма.

Телевизија Телма за оваа одлука на судот ги известила претставниците на меѓународната заедница, релевенатните македонски институции и повисоките судски инстанци и предупредува дека нема да толерира ваков тип на апсурдни притисоци, независно дали доаѓаат од судски или политички центри на моќ.

Поврзани новости