САД по 22 години прифатија Судан да испрати амбасадор во Вашингтон

by fokus

САД по 22 години прифатија Судан да испрати амбасадор во Вашингтон, соопшти денеска суданското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека Картум „добил одобрување од американската Влада“ за именување на Нуредин Сати за амбасадор на Судан во Вашингтон. Тој ќе биде прв амбасадор од 1998 година.

Дипломатските односи помеѓу Судан и САД за време на 30-годишниот режим на Омер ал Бешир, соборен во април 2019 година, беа на најниско ниво. Иако, САД во 2017 година ги укина економските санкции кон Судан, Картум остана на американската црна листа на земји кои го поддржуваат тероризмот.

Сати беше амбасадор во Париз и во Обединети нации, каде работеше на одржување на мирот во ДР Конго и во Руанда.

Во декември 2019 година американскиот државен секретар Мајк Помпео, на средбата во Вашингтон со шефот на суданската преодна Влада Абдулах Хамдок, најави именување на американски амбасадор во Картум.

Поврзани новости