САД одби американски војници да помагаат во евакуацијата од Авганистан по 31 август

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон и другите лидери на Г7 не успеаја да ги убедат САД да ги задржат војниците во Авганистан за да продолжат напорите за евакуација по крајот на месецот, јави ДПА.

Се очекуваше британскиот премиер да изврши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да ги задржи своите сили на терен после 31 август, бидејќи тие обезбедуваат сигурност на аеродромот во Кабул за да им се овозможи на луѓето да ја напуштат земјата.

Но, по вонредниот состанок на лидерите на Г-7, со кој претседаваше Џонсон, Бајден рече дека рокот останува во сила.

– Ќе направиме сè што можеме до последна минута, но слушнавте што рече претседателот на САД, слушнавте што рекоа талибанците, рече Џонсон и изрази увереност дека можат да се извлечат илјадници други. Сепак тој истакна дека ситуацијата на аеродромот не се подобрува.

Џонсон рече дека лидерите се согласиле за „условот број еден“ по 31 август, талибанците да мора да обезбедат „безбеден премин за оние што сакаат да излезат“.

Поврзани новости