579
Јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на распитот за осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески, изјави дека ОЈО поседува аудио и видео снимки за случајот, а дека нема обележани пари.
Таа рече дека претреси биле вршени кај двајцата осомничени, но не и кај Катица Јанева, која одби да ја именува. Неа и бил одземен телефонот за да се види комуникацијата со Јовановски, но како што рече, нема зошто сега таа да биде изведена пред судија.
Русковска додаде дека таа се надева дека со понатамошната истрага ќе биде проширена и листата на осомничени.