Русковска за одлуката на судот да ги одбие тужбите на новинарите: Не ме чуди ништо, и мојата тужба ја одбија

by Фокус

Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска не е изненадена од одлуката на скопскиот граѓански суд да ги отфрли тужбите на новинарите за настаните во парламентот на 27 април.

-Не ме чуди ништо, и мојата тужба е отфрлена – вели Русковски, додавајќи дека граѓанскиот суд ја отфрлил нејзината тужба против ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на одлуки на Стразбур.

Инаку, обвинителката ја тужеше опозициската партија, бидејќи за време на предизборната кампања го употреби нејзиниот лик во спот со порака дека е извршител на власта.

Поврзани новости