Русковска: Одбраната не успеа да докаже дека Нинџа не бил во седиштето на партијата

by fokus 16:28
16:28

Сметам дека одбраната не успеа во намерата да докаже дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија, изјави обвинителката Вилма Русковска, по денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април.

Вештото лице кое го ангажирале, посочи Русковска, требаше да ги земе оригиналните цедиња од мобилните оператори и врз база на тоа да изврши вештачење, а не да вештачи врз основа на скенирани докази на обвинителството.

- Advertisements -

– Ако се погледнат листинзите од движењето на Александар Василевски Нинџа на тој ден ќе се види дека едниот телефон бил исклучен некаде после 16 часот, а вклучен после 22 часот. Другиот телефон пак е исклучен некаде после 18 часот и тој е вклучен некаде после 22 часот. Тоа е според листинзите кои обвинителството ги прибави од мобилните оператори, изјави Русковска.

Може во детали не беа презентирани комплетно листинзите, нагласи Русковска, но тие како доказ стојат во предметот и судот ги има на увид.

– Оргигиналните цедиња на обвинителството му се доставени од мобилните оператори и врз база на тоа е направена нашата анализа. Вештото лице кое го ангажираше одбраната требаше истото да го направи. Да ги земе оригиналните цедиња од мобилните оператори, кои се дадени во предметот и се наоѓаат во Судот и врз база на тоа да изврши вештачење, а не да вештачи врз основа на скенирани докази на обвинителството, изјави Русковска.

Нинџа на 27 април бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но после 22 часот, а не во 18 часот како што сведочеше?!

Поврзани новости