Владата вчера ја констатирала оставката на Лазаревски од член на Управниот одбор

by fokus 16:43
16:43

По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата и пишувањата на Фокус, Владата соопшти дека на вчерашната седница ја констатирала оставката на Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.

Оставката на Лазаревски, се наведува во соопштението од владината прес-служба, е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм.

- Advertisements -

– Пред вчерашниот ден Лазаревски не презел ниту можел да преземе било какво дејствие во својство на директор, особено имајќи предвид дека тој не е впишан како овластено лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија. Со други зборови, во конкретниот случај не постоел никаков ризик од кумулација на функции. Прво, Лазаревски дал оставка од својата претходна функција пред да биде назначен за друга. Второ, Владата на Република Северна Македонија донела решение со кое ја констатира неговата оставка, односно го разрешува од функцијата на член на Управниот одбор на Агенцијата за филм пред тој ефективно да ја преземе функцијата на в.д. директор, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Лазаревски не беше информиран дека оставката вчера му била констатирана. Претходно денеска во изјава за Фокус рече дека се надева дека на првата наредна седница Владата ќе му ја констатира оставката од член на Управниот одбор.

Лазаревски за „Фокус“: Со моето назначување законот не е прекршен ниту технички, ниту суштински

 

Поврзани новости