Османи: Нема одговор од Бугарија на нон-пејперот, разговорите продолжуваат по Нова година

by fokus

Апсолутно е јасна поддршката за нас од страна на сите преостанати 26 земји членки на ЕУ. Комуникацијата со официјална Софија продолжува во насока на изнаоѓање решение, имаме волја да продолжиме понатаму, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

–Сметаме дека независно од она што се случи, тоа не смее да влијае на односите помеѓу нашите две држави и во барањето на решение за да се надмине оваа пречка и да продолжиме понатаму во процесот. Се разбира дека после ветото и следниот Совет на ЕУ ќе треба и ние да седнеме и да разговараме внатре за пристапот понатаму во изнаоѓањето на решение, така што очекувам веднаш после новогодишните празници и нашиот специјален претставник и јас со министерката Захариева и на друго ниво да продолжиме со комуникација за изнаоѓање решение, рече Османи.

Коментирајќи ја изјавата на неговата бугарска колешка Екатерина Захариева дека „не сите земји се за членство на Северна Македонија во ЕУ“, Османи посочи дека апсолутно е јасна поддршката за нас од страна на сите преостанати 26 земји членки на Унијата.

Во однос на нон-пејперот што специјалниот претставник Владо Бучковски го предаде на државниот врв во Бугарија при неговата прва посета на Софија, Османи рече дека досега не добиле одговор.

Поврзани новости