689
Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска вели дека не е запознаена во детали со случајот „Монструм“. Но, како што истакна таа во емисијата „Трилинг“, припадници на УБК тврделе дека има доволно докази против обвинетите.
-Јас многу малку знам за предметот, кога беа приведувањата, јас тогаш бев со уште две мои колешки во МВР. Не можам да кажам детали за предметот ниту пак свое мислење, но кога го укинаа и кога разговарав со луѓето од тогашното УБК и полицијата тврдеа дека тие се тие луѓе кои го сториле тоа кривично дело и дека има доволно докази – изјави Русковска.