Руските ученици ќе учат да летаат борбени дронови

by fokus

Руското Министерство за образование денеска ја објави новата програма со која од септември средношколците ќе можат да посетуваат обука за управување со беспилотни борбени летала.

Тие ќе можат да се запознаат со „начините на воена употреба на беспилотни летала“, но и со начинот на „вршење на извидувачки мисии со помош на беспилотни летала“.

Студентите ќе добијат можност да „реализираат конкретни акции на пилотирање на дронови“ и ќе можат да научат како да се бранат од „противнички дронови“. Учениците на возраст од 15 до 17 години ќе можат да ги посетуваат курсевите како дел од „почетната воена обука“.

Оваа воена обука постоела за време на советската ера, а потоа била укината и извесно време престанала да биде дел од училишната програма, но министерството одлучило повторно да ја воведе во учебната 2023-2024 година.

 

Поврзани новости