Руските туристи не биле ограбени, во МВР било пријавено само скршено стакло на автобусот

by fokus

По информацијата објавена во српски „Блиц“, дека српски автобус кој превзеувал руски туристи бил каменуван и ограбен во Скопје, од МВР информираат дека било пријавено само оштетување на возачкото стакло, но не и дека нешто било одземено од автобусот.

-На 26.06.2021 во 09.10 часот во Полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет извршил оштетување на возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија, кој тој го паркирал на паркинг простор на ул.„Филип Втори Македонски“. Според пријавеното, освен оштетување на стаклото, сторителот не одзел ништо од автобусот. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости