„Блиц“: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

by fokus

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван и ограбен во Скопје, дознава Блиц.

Како што вели менаџерот за сообраќај на таа компанија за Блиц, руски граѓани патувале во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, додека туристите и возачот заминале на ноќевање. Сепак, следниот ден, поточно утрово во 7 часот, се случил инцидент што ги вознемири туристите и го загрози продолжувањето на патувањето.
Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

Веднаш по пријавата, полицијата и екипата за форензика излегоа на терен и спроведоа истрага, пишува Блиц.

-Сè уште не е утврдена причината за ваквиот вандалски чин. Полицијата во Северна Македонија работи на расветлување на случајот.
Поради оштетување на автобусот, неизвесно е дали туристите воопшто ќе го продолжат веќе планираното патување, пишува Блиц.

Поврзани новости