Русија со жесток воздушен напад, а Украина возврати со дронови на Крим

by Fokus

Русија синоќа изведе голем воздушен напад на Украина, која утрово возвратои со напад на дронови на Крим.

Руски системи за противвоздушна одбрана и електронски контрамерки соборија 28 украински беспилотни летала над Крим рано утринава, објави руската агенција РИА, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Според информациите од Министерството за одбрана на Русија, нападите со беспилотни летала не предизвикале жртви или штети.

Руските сили синоќа го нападнаа југот на Украина со беспилотни летала Шахед и ракети Калибар, а експлозии се слушнаа и во Миколаев и Одеса, јавија украинските медиуми.

Според украинските воздухопловни сили под закана биле и Доњецк, Керсон, Запорожје и Днипро. Руските сили најпрво лансираа неколку бранови напади со беспилотни летала во јужниот дел на Украина, а потоа истрелаа шест крстосувачки ракети Калибар од Црното Море кон Одеса, соопшти јужната команда на вооружените сили на Украина, пренесува „Униан“.

Украинската противвоздушна одбрана ги елиминирале сите руски ракети, а од фрагменти од соборените проектили и од ударниот бран биле оштетени објектите на пристанишната инфраструктура во Одеса и неколку приватни домаќинства.

Овој напад уследи по вчерашниот напад на дронови на украинската морнарица на мостот Крим, кој предизвика штети и го прекина патниот сообраќај.

Поврзани новости