Русија сака да избегне нуклеарна војна, тврди Захарова

by Фокус

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, одржа прес-конференција на која зборуваше за нуклеарното оружје.

Таа тврди дека „Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна“.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија располага со „различно разорно оружје“ и дека ќе „користи се што е достапно“ за да ја одбрани Русија, при што Путин мисли и на четирите украински региони чија анексија ја најави Русија минатата недела.

Поврзани новости