Русија: Изјавите на Заев за атентат се покритие за забрзано влегување на Македонија во НАТО

by fokus

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, денеска изјави дека изјавите на премиерот на Македонија, Зоран Заев дека Русија приготвува негова ликвидација се неосновани инсинуации и обид за самореклама.

-Сметаме дека таквата изјава претставува неоснова инсинуација и конструкција и таа е обид за жртвена самореклама. Таквите изјави штетат на руско-македонските односи и очигледно се разлкуваат од декларираната подготвеност на Скопје да гради конструктивна соработка со Русија, нагласи Захарова.

Портпаролката на миниистерството за надворешни работи на Русија смета дека ваквите изјави служат едиствено како покритие за забрзано влегување на Македонија во НАТО.

Поврзани новости