Села: Кога ќе ми се јави Заев ќе му го кажам новиот министер за здравство

by fokus

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на гостувањето во емисијата „Патот кон“ која ќе се емитува вечерва на програмата на ТВ Алсат-М потврди дека остануваат во владиното мнозинство и дека новиот министер за здравство на местото на Таравари кој стана градоначалник на Гостивар, го знае и дека по професија е лекар.

-Кој ќе биде новиот министер за здравство ќе му кажам на премиерот Заев кога ќе ми се јави тој – вели Села.

Тој потврди дека со премиерот се нема ни видено ни слушнато од времето на кампањата за вториот круг на локалните избори.

Поврзани новости