Руше Рауфи Адеми: Бараме урбаната мафија која царува низ целиот град итно да се запре

by Fokus

Граѓанската активстка Руше Рауфи Адеми вели дека дојде време кога народот ќе владее, а властите ќе ги слушаат нивните барања.

Од идниот градоначалник очекувам да се заложи за решавање на проблемите со загадувањето во нашиот град. Во насока на намалување на загаденоста да се воведе трамвајски сообраќај. Во прилог на заштита на околината да се постават подземни контењери. Да се изградат повеќе градинки, затоа што родителите се принудени со месеци да чекаат да ги сместат своите деца или воопшто не ни наоѓаат места – истакна Адеми.

Таа исто така додаде дека бараат урбаната мафија која царува ни целиот град итно да се запре.

Поврзани новости