Писарев: Долго време тешки опинци на ВМРО-ДПМНЕ газеа тука, затоа пазете и вие, ако го утнете патот ќе го јадете стапот

by Fokus

Граѓанскиот активист Никола Писарев вечерва се обрати на централниот митинг на СДСМ пред Влада. Тој истакна дека гледа многу луѓе овде кои си ги сакаат своите села и градови.

–  Десет години секој ден браневме нешто. Гевгелија мора да добие здрава вода за пиење без арсен, на југот не смеат да стравуваат дали ќе им протече цијанид низ чешмите. Срам е во 21 век да зборуваме дали има асфалт. Долго време тешки опинци на ДПМНЕ газеа тука. Власта мора да постапува соогласно потребите на граѓаните. Јас сум во Скопје и цел живот гинам за Скопје. Вода за сите во Скопје, најпрвин за тие во Рашче. Јас ќе ве следам цело време по вашиот пат. И, ако го утнете патот ќе го јадете стапот – истакна Писарев.

Тој во неколку точки им наброи на властите што треба да направат за да има чист воздух и чиста вода.

 

Поврзани новости