467
Против 38 годишна битолчана е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според пријавата битолчанката неовластено употребила платежна картичка сопственост на В.Ш. (41) од Битола. Преку интернет ги внела податоците од картичката, која претходно ја имала најдено, и извршила плаќање на повеќе сметки за струја во висина од 9.185 денари.