Судијката Лаличиќ сама одлучила да се снима судењето за обидот за убиство на Тодоров

by fokus

Судијката Софија Лаличиќ лично одлучила дека судењето за обидот за убиството на екс министерот Никола Тодоров, треба визуелно и аудио да се снима, па затоа ги земала двете камери кои Кривичниот суд единствено ги поседува, а поради што се одложи судењето за „Насилството во општина Центар“.

Адвокатката Павлина Зефиќ, која го застапува обвинетиот Љупчо Стојановски, дедото на Тамара, ни одговори дека таа денеска сакала да побара судењето да се снима, но како што вели, позитивно ја изненадило тоа што судијката Лаличиќ веќе се погрижила за истото.

-Се надевам дека оваа пракса ќе продолжи и на наредното рочиште, бидејќи јас ќе инсистирам судењето да се снима, бидејќи тоа е законско право, а и за случајот постои голем јавен интерес, ни изјави адвокатката Зефиќ.

Бидејќи камерите беа во судницата на Лаличиќ, судијката Татјана Михајлова мораше да го одложи судењето за насилството во центар, во кое меѓу обвинетите се и екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески.

В.В.

 

Поврзани новости