Одбраната на дедото на Тамара бара изземање на судијката Софија Лаличиќ затоа што ја има во „бомбите“

by fokus 14:19
14:19

Одбраната на Љупчо Стојановски, обвинет за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, бара изземање на судијката Софија Лаличиќ. Според адвокатката, Павлина Зефиќ, Лаличиќ може да пресудува пристрасно затоа што ја има во прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.

Денеска во Кривичниот суд почна судењето против Стојановски, дедото на малата Тамара која почина пред две години чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство. Стојановски на 1 јуни годинава пред Министерството за здравство со гасен пиштол пукаше во Тодоров, кој не беше повреден.

- Advertisements -

Стојановски се товари за „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Судот му определи притвор поради постоење опасност од бегство и опасност од извршување на истото кривично дело.

Поврзани новости