ТТК Банка АД Скопје одбележа 20 години од своето основање – две децении доверба, стабилност и раст

by irena 11:05
11:05

Формирана во 2006 година, ТТК Банка во текот на изминатите две децении се етаблира како стабилна и успешна финансиска институција со препознатливо место на македонскиот банкарски пазар, обезбедувајќи сигурна финансиска поддршка за граѓаните, компаниите и институциите.

 

По повод 20-годишниот јубилеј, во прекрасниот амбиент на Попова Шапка, ТТК Банка организираше пригоден настан на кој присуствуваа вработените, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Банката и претставници на доминантниот акционер „Тетекс“ АД Тетово. Одбележувањето беше во знакот на благодарноста и гордоста за значајните остварувањата и заедничките успеси.

Во своето поздравно обраќање, претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски, истакна дека успехот на ТТК Банка е резултат на јасна визија, одговорно управување и, пред сè, на довербата што Банката ја ужива кај своите клиенти, акционери и деловни партнери. Тој истакна:

„Дваесетгодишниот јубилеј на ТТК Банка претставува значаен момент за сите нас и можност со гордост да се осврнеме на патот што го изминавме заедно.

ТТК Банка е создадена врз темелите на традицијата, а во изминатите две децении изгради препознатлив идентитет заснован на професионалност, силна корпоративна култура и вредности што ја обликуваат нашата работа, нашите одлуки и односот кон клиентите. Токму тие определби се двигател на нашиот развој и основа врз која ја градиме иднината.

 

 

 

Особено сме горди на нашите вработени, чиешто знаење, интегритет и стручност се вградени во секое наше достигнување и претставуваат цврста основа за идниот развој на ТТК Банка.

Како банка со доминантен домашен капитал, остануваме доследни на нашата определба да создаваме долгорочна вредност, да бидеме сигурен и доверлив партнер на нашите клиенти и активно да придонесуваме за развојот на заедницата.“

Во рамките на јубилејната прослава, на вработените кои веќе 20 години се дел од ТТК Банка им беа врачени благодарници како признание за нивниот долгогодишен придонес и посветеност.

 

По повод јубилејот, ТТК Банка упатува искрена благодарност до своите клиенти, акционери, деловни партнери и вработени за довербата и успешната соработка во изминатите две децении.

Горда на постигнатото и со јасна визија за иднината, ТТК Банка продолжува со истата посветеност, одговорност и амбиција да создава нови можности за сите.

Затоа што највредните приказни се создаваат заедно – чекор по чекор, година по година.

ТТК Банка – 20 години заедно. Посветени на иднината.

Слични вести