Кочанчанец фатен со дрога успеал да избега преку прозорецот на полициската станица, каде бил на распит

by irena 11:52
11:52

Пред два дена во полицискиот билтен излезе информација дека на 9 јули вечерта биле уапсени двајца копчанчани фатени со кокаин, кој го криеле во возилото.

„На 09 јули, 2026 година во 23 и 55 часот на влез во село Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л.(41), двајцата од Кочани.

 

При преглед на патничкото возило „субару“ со кочански регистерски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое бил А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја“, се наведуваше во полицискиот билтен.

Сепак, информациите до кои дојде „Фокус“ се дека 41-годишниот А.Л.  вчера додека бил на распит во полициската станица во Кочани успеал да избега.

„На 10 јули, 2026 година во 20 и 35 часот во Полициската станица Кочани, А.Л. (41) година од Кочани кој претходно бил задржан во полициската станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, од просторија отворил прозорец и се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, се наведува во официјалниот одговор на МВР за „Фокус“.

Како што дознаваме, бегалецот е близок до пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

И.М.

 

 

Слични вести