Розета Трајан веќе не е генерален секретар на ДКСК

by Fokus

Со шест гласа за и еден против, членовите на Државната комисија за спречување корупција донесоа одлука  Розета Трајан, да не биде повеќе генерален секретар на клучната институција за борба против корупција, дознава „Фокус“.

Според нашите информации, проблем бил недостигот на доверба на релација меѓу Трајан и претседателката на комисијата Билјана Ивановска.

Од тие причини Ивановска иницирала разрешување на Трајан, која поради ваквите наводи одлучила сама да се повлече.

С.Т.

Поврзани новости