Роналдо разочаран: Јунајтед ништо не направи, а на крајот победи

by fokus

Кристијано Роналдо го постигна својот првенец во дресот на Јувентус во Лигата на шампионите, но тоа не беше доволно да се избегне поразот од Манчестер.

„И покрај доминацијата во текот на сите 90 минути им дозволивме да ги освојат бодовите. Јунајтед ништо не направи и на крајот победи. Ние пропуштивме шанса да го решиме натпреварот и покрај многуте шанси. Немавме ниту среќа во одредени моменти“, изјави Роналдо.

Португалецот смета дека нема простор за паника и дека Јувентус е во добра форма.

„Ни оди добро и во домашното првенство и во ЛШ и не треба да не загрижува овој пораз. Продолжуваме со напорна работа“, вели Роналдо.

ФОТО – goal.com

Поврзани новости