Ахмети: Ќе бараме консензуален претседател на следните избори, ова ќе го браниме со фанатизам

by fokus

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на гостување во емисијата Клан Дебат на ТВ Клан Македонија рече дека и на следните претседателски избори ДУИ ќе побара консензуален претседател.

„Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ќе го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети.

Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседател, но се уште е рано да се збори за тоа.

„Секако дека може да зборуваме и со имиња, но сеуште е рано за тоа“, рече Ахмети.

Поврзани новости