Роналдо охрабрува пред мечот со Македонија

by Fokus

Фудбалската селекција на Македонија приреди сензација и го совлада европскиот првак Италија во полуфиналето од квалификациите за СП.

Со тоа, нашиот тим закажа средба со Португалија, тим во чии редови е еден од најдобрите фудбалери, Кристијано Роналдо.

„Сè уште ништо не е освоено. Мора да продолжиме да работиме сериозно, почитувајќи го противникот, но секогаш верувајќи во нашите способности. Напред Португалија! Одиме во Катар“, напиша тој на социјалните мрежи.

Поврзани новости