Роналдо ја отвори душата: Ако Португалија повеќе не смета на мене, можам да си заминам уште денес

by irena 19:37
19:37

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, повторно игра за Португалија, иако претходно оваа година најави дека можеби ќе се повлече од репрезентацијата по Светското првенство.

Роналдо има 41 година, но сепак сака да ја претставува Португалија. Тој се најде и на списокот на селекторот Жорж Жесус за претстојните натпревари во Лигата на нации.

„Размислував за повлекување од репрезентативниот фудбал по Светското првенство. Но, разговарав со претседателот и со селекторот, и сè уште сум тука. Јас сум играч кој напорно работи и можам да помогнам“, изјави Роналдо на прес-конференцијата.

Тој е подготвен да си замине, но сепак смета дека може да одигра важна улога во репрезентацијата.

„Ако Португалија повеќе не сака да смета на мене, можам да си заминам уште денес. Немам проблем со тоа. Истото важи и за претседателот. Кога повеќе нема да сакаат да сметаат на мене во репрезентацијата, јас ќе бидам првиот што ќе разговара со нив за тоа“ – рече Роналдо.

Слични вести