Украински државјанин е уапсен откако пет лица беа избодени во бенедиктински манастир во Јарослав, во Полска. Еден свештеник почина откако беше избоден со нож во напад во манастирот во Полска.
Пет лица, меѓу кои и тројца свештеници, беа повредени во нападот. Полицијата уапси 31-годишен Украинец кој кај себе имал нож.
Четворица мажи и една жена се пренесени во болница. Тројца мажи, за кои се вели дека се свештеници кои престојувале во манастирот, се здобиле со тешки повреди.
Еден од свештениците кои биле цел на нападот подоцна починал во болница, потврди полицијата од Јарослав за полскиот портал TVN24.
Градоначалникот на Јарослав, Марчин Назаревич, изјави дека градот активирал кризен штаб. Портпаролот на полицијата изјави:
– Полицајците од Јарослав приведоа 31-годишен државјанин на Украина кој со нож нападнал четворица мажи и една жена. Сите повредени се пренесени во болница, а тројца мажи се здобиле со тешки повреди. Полициски службеници работат на местото на настанот за да ги утврдат точниот тек и околностите на инцидентот.