1
Полицијата во Врање денеска соопшти дека уапси државјанин на Македонија под сомнение дека со измама зема поголема сума пари и златен накит од 68-годишна жена.
Во соопштението се наведува дека на жената претходно ѝ се јавил маж, кој ѝ кажал дека нејзината ќерка тешко настрадала во странство и дека ѝ се потребни пари за итна операција.
В.Т. е осомничен дека на 15 септември го сторил кривичното дело измама и е спроведен во обвинителството.
Полициската управа во Врање ги повика граѓаните, особено постарите лица, да бидат внимателни и, доколку некој им се јави и побара пари на овој или сличен начин, веднаш да го прекинат разговорот, да се јават кај соодветниот член на семејството и да ја известат полицијата.