545
Шампионот на Стариот континент, Португалија забележа второ реми во групата „Б“ од квалификацискиот циклус за ЕП 2020.
По нерешениот резултат со Украина пред неколку дена, вечерва фудбалерите на Фернандо Сантош не успеаја да ја победат Србија и натпреварот на „Луж“ во Лисабон заврши 1:1.
Сепак, големата вест е повредата на Кристијано Роналдо. Лидерот на Португалците помина тешки 30 минути, во кои немаше шанса да постигне гол, му го раскрвавеа носот, а потоа и заработи повреда во мускулот на десната нога и мораше да ја напушти играта.
Се очекува официјални информации за повредата. Најважниот дуел на Јувентус за оваа сезона со Ајакс во Лигата на Шампионите е на 10 април.