Груби: Поддршката за Пендаровски ќе ни донесе гувернер Албанец

by fokus

Принципот на консензуалност ќе ни донесе гувернер на НБРСМ да биде Албанец, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во вечерашниот дебатен магазин “Click Plus” на ТВ 21.

-Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, Агим Нухиу прв министер на МВР, народниот правопранител е Албанец,  така ќе успееме да имаме и Гувернер – рече Груби.

Тој додаде дека во 2014 година Пендаровски бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира ДУИ.

Во дебатата гостуваше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој рече дека во 2014 година кога Пендаровски беше канидат за претседател, во вториот круг гласал за него.

Поврзани новости