Ромарио: Само двајца фудбалери во историјата се подобри од мене

by Fokus

Поранешниот напаѓач на Барселона и бразилската фудбалска репрезентација Ромарио смета дека само двајца фудбалери се подобри од него во историјата на овој спорт.

Ромарио смета дека тоа се покојните Диего Армандо Марадона и Пеле.

За Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои ги соборија сите можни фудбалски рекорди во последните 15 години, рече дека се рамноправни со него.

Како рамноправни ги издвои сонародниците Роналдо и Роналдињо, додека смета дека е подобар од Нејмар, Адријано, Бебето, Луис Суарез, Ривалдо, Халанд, Мбапе и Зико.

Ромарио, како и Меси, го освои Светското првенство, предводејќи го Бразил во 1994 година.

Едно време беше најдобар играч на светот, две сезони помина во Барселона, а играше и за Васко де Гама, ПСВ, Фламенго, Валенсија, Флуминенсе, Ал Сад, Мајами и Америка.

По неговата играчка кариера се знимава со политика.

Поврзани новости