Ројтерс: Одложено издавањето на еврообврзницата поради реакција на СДСМ

by fokus 20:58
20:58

Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница, откако партиски член на опозицијата испратил писмо до менаџерите на заинтересираните банки со кое ја доведува под знак прашалник законитоста на издавањето на обврзницата, објави Ројтерс.

Ројтерс пренесува изјава на еден од менаџарите потврдува дека издавањето било одложено поради писмото од еден член на СДСМ во кое тој објаснува дека власта противзаконски ја издава евробврзницата.

СДСМ пак, во текот на денот, испрати соопштение во кое рече дека издавањето на еврообврзница на износ од 650 милиони евра е директно прекршување на Законот за Буџет, Законот за Влада, Договорот од 2 јуни/15 јули 2015 година и Кривичниот законик.

Поврзани новости