311
Непознати сторители го фрлиле возилото на министерството за земјоделие во реката Драгор во Битола.
Вработен во подрачното одделение на министерството, утрово пријавил дека нивното Југо е в река.
Екипа од крим техника на СВР Битола, извршила увид на местото на настанот и констатирала дека се работи за намерно фрлање на возилото во реката.
Од министерството ги отфрлија шпекулациите дека возилото го фрлиле незaдоволни земјоделци заради неисплатени субвенции и чекаат полицијата да го расчисти случајот.