250
Родители на дел од загинатите во пожарот во „Пулс“ денеска со вербален напад кон неколкумината адвокатите од Кочани кои бранат дел од обвинетите во постапката.
„За колку пари се продадовте“, „Повторно ги убивате нашите деца“, „Осум месеци нè убивате“ – извикуваа родителите на дел загинатите во „Пулс“.
Тие го искажаа револтот на крајот од денешното рочиште, додека се движеа кон своите автомобили.
Полицијата ја следеше ситуацијата, па сè се заврши само со вербални напади.
Еден од адвокатите кратко им кажа: „Законот е таков, мора да имаат бранител“.