Родени во Југославија, починати во Британија, се бараат роднините за да добијат големо наследство!

by fokus

Британските власти објавија список на луѓе родени во Југославија, а кои живееле и починале во Обединетото Кралство, и кои зад себе оставиле големо наследство, а немаат директни потомци. Се бараат блиски, но и подалечни роднини на починатите, со цел да си го добијат наследството.

Како што информираат тамошните надлежни институции, рокот за преземање на наследството бил 30 години, а со оглед на тоа што некои од сопствениците на имотите биле починати во деведесеттите години на минатиот век, се ближел крајниот датум за побарување на наследството од страна на нивни роднини.

Списокот последен пат бил ажуриран на 30-ти декември 2022 година, и сите оние кои имаат било каква роднинска врска со починатите сопственици на имот и друго наследство, можат да го потполнат објавениот формулар и да го побараат наследството од починатите роднини. Како што е објавено, станува збор за огромни површини на земја, недвижнини и друго наследство.

Од објавениот список се гледа дека за повеќето починати сопственици на имоти и наследство единствено пишува дека се родени во Југославија, но не е наведен град или село.
Ова се дел од имињата на луѓето родени во Југославија, по чии наследници се трага.

Светолик Михајловиќ, роден 27.03.1909 година во Југославија, починал на 18.03.2000 година во Нортхамптон.
Неѓо Битулија, роден 13.02.1925 година, починал на 19.05.2005 година во Шропшир.
Стеве Диклиќ, роден 08.10.1933 година, починал на 16.04.1993 година во Нотингемшир.
Бранка Ѓивановиќ, родена 06.07.1926 година, починала на 20.09.2009 година во Валминистер Вилтшир.
Ева Ѓориќ, родена 27.05.1911 година, починала на 11.12.2003 година.
Митар Фидоновиќ, роден 23.09.1921 година, починал на 16.06.2009 година во Лутон Бедфордшир.

Листата со имиња е подолга, а оние кои се во сродство со починатите можат да ги потполнат формуларите, но и да добијат повеќе информации на следниот линк https://www.gov.uk/guidance/make-a-claim-to-a-deceased-persons-estate

Вики Клинчарова

Поврзани новости