Рикер: Јасно и кажавме на Бугарија за Македонија

by fokus

Помошник-државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер, во интервју за „360 степени“, рече САД јасно и предочила на Бугарија дека  Македонија треба да почне преговори со ЕУ.

-Договорот од Преспа беше неверојатно постигнување, вистински пример на храбра, прагматична дипломатија, која го отстрани еден од најголемите проблеми на патот кон евроатлантската интеграција и оттогаш постигнавме многу. Северна Македонија е на пат да ги почне преговорите за членство во ЕУ, уверен сум дека тоа ќе се случи. Ние јасно ѝ ги кажавме нашите позиции на бугарската влада, исто како и низа членки на ЕУ, дека овој процес треба да напредува – рече Рикер.

Поврзани новости