Шфицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска вели дека поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска не е обвинета во предметот за организацијата на настаните од 27 април заедно со Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски, поради немање на докази против неа.
-Немаше обвинение за неа затоа што немавме докази. Освен ангажирање уметници и познати личности, таа не направила што било друго конкретно. Јас го споменав и Кирил Божиновски, само што освен тоа немавме други докази за нешто поконкретно – рече Русковска.
Таа денеска ги даде завршните зборови во овој судски предмет и рече дека како обвинителство успеале да докажат дека обвинетите изготвиле план да го загрозат уставниот поредок и со акти на насилство да го оневозможат примопредавање на власта.