„Репортери без граници“: Следните 10 години ќе бидат решавачки за слободата на медиумите

by fokus

Следните десет години несомнено ќе бидат „решавачка деценија“ за слободата на медиумите, предупреди „Репортери без граници“ (РСФ) во својот годишен извештај за глобалната слобода на медиумите за 2020 година.

-Епидемијата е можност за најлошо рангираните земји да спроведат „стратегија за шок“. Искористување на слаба јавна контрола и ослабување на мобилизацијата на луѓето за наметнување мерки што не би било можно да се наметнат во нормални времиња, предупредува Кристоф Делоар, генералниот секретар на РСФ.

Таков е случајот со Кина, која се наоѓа на 177-то место и Иран, рангиран на 173-то место од 180 рангирани земји, според Индексот за слобода на медиуми, но и Унгарија (89-та), во која премиерот донесе закон за „корона вирус“ со казни до пет години затвор за ширење лажни вести.

„Што е со слободата, плурализмот и веродостојноста на информациите во 2030 година“, се прашува Делоар.

На ранг листата во 2020 година, рангирајќи 180 земји, индексот за слобода на медиуми изгледа генерално подобар во изминатата година, но без да се земат предвид епидемијата и нејзините последици врз слободата на медиумите.

Поврзани новости