864
Рентген техничар на Институтот за радиологија(рентген институт) е позитивен на корона вирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болен, со температура и симптоми на Ковид-19.
Во моментот таму се прави епидемиолошка анкета, а резултати од тестовите се чекаат за уште тројца, потврија за НОВА во ДСЗИ, од каде велат дека таму е можен нов кластер на корона вирусот.
Не се знае со колку вработени, како и пациенти имал контакт вработениот техничар, колку од нив снимал, ниту дали носел лична заштитна опрема.