Борел: На Балканот му е потребна борба против дезинформации

by fokus

Шефот на дипломатијата на Европска унија, Жозеп Борел упати апел до медиумите и до граѓанското општество на Западен Балкан да се ангажираат во борбата против дезинформации, што се  глобален предизвик и закана по демократијата.

– На граѓаните треба да им се пружат вистинити, точни и правовремени факти. Потребно е да се работи на заштита и промоција на основните права, како што е слободта на изразување и плурализмот на медиумите, истакна Борел на отворање на првата Конференција за медиумска писменост на ЕУ и Западен Балкан.

Тој ја потенцира важноста од медиумската писменост, зајакнувањето на граѓанското општество и слободата на медиумите, но и оцени дека ЕУ не е е комплетна без Западен Балкан.

Борел истакна дека дезинформациите се посебно опасни во време на пандемија и ги пофали сите поединци и организации од Западен Балкан кои работеа на разобличување на лажните вести, во откривањето на трендовите на дезинформации и ги информираа граѓаните.

Поврзани новости