Рекордни 728 тестирања во изминатите 24 часа, вкупно 14.758

by fokus

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 728 тестирања за Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

-Од нив потврден е 41 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје -17, Куманово -8, Прилеп -8, Тетово -4, Струга – 1, Велес -2, Битола -1, велат од министерството, од каде што додаваат дека со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.367 случаи.

Направените 728  теста се преку: ИЈЗ –523, Ветеринарен ф-тет – 18, Авицена – 20, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –97, Систина со PCR метода  – 20 и МАНУ -4 .
Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања на Ковид -19.

Поврзани новости