Нови 37 пациенти излечени од Ковид-19, вкупно 374

by fokus

Во изминатите 24 часа, регистрирани се нови 37 оздравени пациенти, кои биле заболени од корона вирусот.

-Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје-11, Прилеп-11, Кочани-4, Гостивар-2, Дебар-2, Струга-1, Охрид-1, Битола -1, Крушево – 1, Тетово – 1, велат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, пак, се примени 4 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 60.

-На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се 5 пациенти, велат од министерството.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се 5, а на респираторна машина се 8 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, 1 пациент е во тешка општа состојба, а 11 пациенти се се на домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани двајца, а на домашно лекување се следат уште девет пациенти.

Поврзани новости