Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ добиваат поддршка од Брисел?

by fokus

Откако денеска ја презентираа Декларацијата насловена „Европска ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“ иницијаторите за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ попладнево заминаа за Брисел.

Тие за „Фокус“ потврдија дека се во Брисел, но не откриваат повеќе информации за тоа по кој повод се таму.

Според информациите на „Фокус“, реформаторите веќе договориле средби со високи претставници во Европскиот парламент и во Европската народна партија, кои се заинтересирани за реформите во ВМРО-ДПМНЕ и за новата Декларација “Европска ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија.

Се очекува утре да има повеќе информации за активностите на реформаторите во Брисел и поводот за нивната посета на престолнината на Европската унија.

К.С.

Поврзани новости