ВМРО-ДПМНЕ: Владата го реализира ветеното од Заев дека ќе јаде живи луѓе

by fokus

Владата на дело го реализира ветеното од Заев за јадење на живи луѓе. Ова е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за денешната најава на генералниот секретар на Владата дека ќе биде поднесена кривична пријава против поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски поради административците кои земале плата, а не доаѓале на работа.

-Драги Рашковски длабоко загази во криминал. Драги Рашковски си го ангажираше сопствениот кум да ги врши валканите работи за него. За тоа го плаќа со пари од буџетот. Никој не знае во која постапка и од кого е одбрана токму канцеларијата на неговиот кум да ги спроведува правните работи на генералниот секретаријат на Владата, иако истиот располага со правна служба која исто така е платена од буџетот. СДС спроведува тортура врз вработените во јавната и државната администрација. Рашковски смислено им се заканува на вработените во државната администрација, со цел истите да ги избрка за на нивно место да постави партиски послушници и шарени активисти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија се закануваат дека кога ќе се смени власта ќе биле изнесени пред независен суд со цел добивање на соодветна кривична санкција за криминалот кој го сториле.

Поврзани новости